Свет
28. November 2015 - 9:49

Напаѓачот во Колорадо и се предаде на полицијата

Напаѓачот, кој е осомничен дека од огнено оружје ранил 11 лица за време на пукотници во Центарот за планирање семејство во американската држава Колорадо, и се предаде на полицијата, соопштија официјални извори. 

- Напаѓачот е уапсен. Ситуацијата е разрешена, рече градоначалникот на Колорадо спрингс, Џон Сатерс.

Тој кажа оти сега нема никаква безбедносна закана за граѓаните, но оти по инцидентот останало „огромно место на злосторството“, кое е неопходно да се истражи.

Најмалку 11 лица, вклучувајќи пет полицајци, се ранети во четиричасовната престрелка во Центарот за планирање семејство. 

Полицијата наведе оти не е познат мотивот на напаѓачот, како и тоа дали тој на некој начин е поврзан со центарот.