Напаѓачот во Денвер кој уби петмина ги познавал жртвите
Вооружениот напаѓач кој уби пет лица и рани две на неколку локации во Денвер, ги бирал своите жртви врз основа на лични и деловни односи, соопштија властите.
Напаѓачот Џејмс Меклауд (47) беше убиен во понеделникот вечерта, откако повреди полицаец во Лејквуд, фреквентен трговски кварт на периферијата на Денвер.
– Полицаецот успеал да му возврати на Меклауд, убивајќи го, изјави полицискиот портпарол Џон Ромеро.
Полицијата соопшти дека напаѓачот ги познавал повеќето од неговите жртви, но не и последната што ја застрелал, 28-годишната Сара Стек, вработена во хотел во Лејквуд, која починала како последица од повредите.
Меклауд некогаш имал фирма во Денвер на адресата каде што, според евиденцијата од Канцеларијата на државниот секретар на Колорадо, сега има салон за тетовирање.
Првото пукање се случило во салон за тетовирање лоциран на околу километар и половина од таа локација.
Началникот на полицијата во Денвер, Пол Пазен на прес-конференција рече дека Меклауд бил под истрага во 2020 и 2021 година, но не посочи зошто.
– Дивеењето започнало околу 17 часот кога напаѓачот застрела и уби две жени и рани еден маж во близина на центарот на Денвер. Осомничениот потоа побегнал со автомобил и уби маж во областа Чизман Парк во источниот дел на Денвер, пред повторно да почне да пука во населбата на западниот дел на градот каде никој не е погоден, изјави началникот Пазен.
Осомничениот двапати пукал од своето возило кон полицајците од Денвер кои го бркале, при што успеал да го онеспособи полицискиот автомобил, а потоа се упатил кон соседниот град Лејквуд, каде го убил четвртото лице. Потоа побегнал пеш во хотел каде ја застрелал вработената Сара Стек.
Ново на Сител
-
Рестрикции на струја во Украина поради големи руски напади врз енергетскиот систем
-
Пентагон им забрани на трансродовите лица да се приклучат на војската
-
Трамп во интервју за Фокс њуз: Украина „Можеби некогаш ќе биде руска“
-
Утрото студено, преку денот променливо облачно
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци