Свет
21. October 2017 - 22:00

Напаѓачот кој рани осум лица во Минхен немал верски или политички мотиви

Напаѓачот вооружен со нож кој денеска рани осум лица во германскиот град Минхен не бил мотивиран од верски или политички побуди, соопшти германската полиција.

Според полицијата, напаѓачот имал полициско досие за насилство и кражби. Тој денеска полесно рани едно 12 годишно дете, шест мажи и жена. Шестмина од нападнатите се Германци, еден од Италија и еден од Романија.