Македонија
15. јуни 2016 - 16:37

Напаѓачите на полицајците во Тетово сами се пријавија во полиција

По шест дена во бегство денес таткото и синот кои физички нападнаа 4-ца полицајци самите се предадоа во станица во Тетово. 69 годишникот и неговиот 40 годишен син во присуство на адвокат се пријавиле во СВР Тетово. Потоа се однесени на издржување на мерката притвор од 30 денови со оглед дека судија во претходна постапка им ја одреди во отсуство, откако ноќта по нападот беше обезбеден третиот од напаѓачите, 36 годишно лице од Тетово. 

До нападот на полицајците дојде поради спротиставување на 40 годишникот да биде однесен на издржување затворска казна од една година. Тој бил претходно поради нанесување тешка телесна повреда.

Најтешко повредениот од четворицата полицајци беше опериран и се уште се наоаѓа на лекување во болница со сериозно нарушено здравје. Останатите тројца по примената помош и беа пуштени на домашно лекување.