Нападот во Техеран го извршиле Иранци кои се дел од ИД
Билансон на жртвите од вчерашниот напад, што беше извршен во иранскиот Парламент и мавзолејот на ајатолахот Хомеини, достигна до 13 лица. Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Иран Мохамад Хосеин Золфагари.
- При нападот се повредени 43 лица, додаде Золфагари.
Анонимен претставник на иранските служби за безбедност наведе дека напаѓачите биле ирански граѓани.
Во интервјуто за иранската државна телевизија, претставникот на Врховниот национален совет за безбедност на Иран Реза Сејфолахи, нагласи дека извршителите на двојниот напад се од Иран. Но, не даде дополнителни детали за случајот.
- Идентитетот на напаѓачите треба да потврди дека тие се од некои делови на Иран и се приклучиле на ИД, наведе анонимниот претставник.
Ново на Сител
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците
-
Мицкоски оптимист по средбата со Макрон
-
Предвремени избори - Затворена тема
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати мерките
-
ДУИ: Се партизира судството