Македонија
13. September 2016 - 12:28

Нападнати полицацјци во Прилеп

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против А.А. (30) и Е.К. (28), двајцата од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и „напад врз службено лице при вршење на службено дејствие“. На 01.06.2016 година за време на одржување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите „Вардар“ – Неготино и „Вардар“ од с. Форино, гостиварско, на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп пријавените, кои биле на северната трибина, започнале вербално да ги напаѓаат полициските службеници кои биле ангажирани за физичко обезбедување по што започнале да ги влечат и удираат со камења и други предмети поради што истите се здобиле со телесни повреди.