-->
-->
Нападнати две момчиња во автобуси на ЈСП
-->
Две момчиња од Скопје се физички нападнати во автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие.
Едното момче на возраст од 16 години било нападнато од неколку непознати лица вчера околу 13 часот во автобус бр. 50 на автобуската постојка кај АСУЦ во населбата Автокоманда. Случајот во полиција го пријавила неговата мајка Р.К.
Истиот ден во 13:10 часот во полициската станица во Гази Баба, 18-годишниот Д.К. пријавил дека околу 12:30 часот во автобус на ЈСП со бр.68, кој се движел на релација од кино „Маџари“ до „АСУЦ“, без повод и причина бил физички нападнат од страна на седум–осум непознати лица.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случаите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање
-
Само 18 мандати за СДСМ во Парламентот – дел од партиските функционери поднесоа оставки
-
Анализа: На што се должи поразот на изборите на СДСМ?
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечна излезеност до 18:30 часот
-
Просечна излезeност до 15:00 часот