Нападната старица во својот дом во Гевгелија
Старица од Гевгелија е нападната во својот дом на улицата „Ѓоко Тутушев“ од страна на маскирани лица кои сакале да ја ограбат.
Настанот се случил ноќеска во 1:30 часот кога разбојниците тропнале на вратата од домот на 74-годишната М.Г., а откако таа отворила ја совладале со спреј солзавец. Разбојниците, како што соопшти денеска полицијата, ја удирале со шлаканици по лицето и барале да им каже каде се наоѓаат парите и златните предмети. Откако старицата почнала да вика и да бара помош, крадците ја напуштиле куќата.
Поради проблеми со очите предизвикани од спрејот, старицата е пренесена во Општата болница во Гевгелија, каде и е укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица во Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори