Балкан
10. January 2017 - 14:27

Нападната полициската станица во Газиантеп

Полициската станица во југоисточниот турски град Газиантеп е нападната и има повредени лица, но се уште не е познат нивниот број.

Според турската телевизија НТВ на лице место има голем број возила на брза помош, а престрелката се уште трае.

Според локалните медиуми три вооружени лица отвориле оган врз полициската станица. Според други извори, се работи за самоубиствен напад, но извршителите не успеале да ги активираат бомбите.

Според трети извори, напаѓачите биле двајца или тројца и успеале да побегнат, а полицијата трага по нив.

Газиантеп е најблискиот турски град до сириската граница.