-->
-->
Нападната девојка од Скопје во влез на зграда
-->

Во 02 часот и 41 минути во Скопје на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ непознато лице извршило разбојништво над 29-годишната Д.Р. од Велес, со привремен престој во Скопје. Откако девојката излегла од лифт на четвртиот кат, го забележала непознатото лице како стои во ходникот и продолжила пешки по скалите, но тогаш тој одзади ја фатил за коса, ја удрил по лицето и и ја земал кесата која ја носела во рака, а во која имало работна униформа. После тоа со трчање го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
