Нападната амбасадата на Белорусија во Лондон, еден дипломат е тешко повреден
– Белоруски дипломат е тешко повреден откако вчера беше нападната амбасадата на земјата во Лондон, јави новинската агенција Белта, повикувајќи се на белоруското Министерство за надворешни работи.
– Првично, група луѓе ја оштетиле фасадата на зградата на Амбасадата, а потоа физички ги нападнале белоруските дипломати кои пристигнале на местото на инцидентот. Еден од дипломатите е тешко повреден и му била потребна итна медицинска помош. Констатирана е скршеница на носот, лесен потрес на мозокот и скршен заб, се наведува во соопштението.
Некои од напаѓачите биле приведени од лондонската полиција кога се обиделе да побегнат од местото на нападот. Осомничените наводно се дел од група белоруски имигранти во Велика Британија.
Минск го повика времениот шеф на британската амбасада во Белорусија и побара темелна истрага за нападот.
Ново на Сител
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
