Македонија
9. November 2015 - 13:05

Нападнат таксист во Скопје

Две непознати лица синоќа во 18.30 часот на ул. „Коце Металец“ во Скопје нападнале такси возач при што му одзеле околу 8.000 денари.

Како што соопшти МВР, едно од лицата се качило во такси возилото на ул. „Народен фронт“ и побарало од возачот Т.М. (52) да го превезе до населбата Автокоманда, а потоа до Радишани. Откако стигнале на наведената улица дошло другото непознато лице и со закана со нож му ги одзеле парите по што го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.