Балкан
25. August 2016 - 16:17

Нападнат конвојот на лидерот на турската Републиканска народна партија

Конвојот на лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) Кемал Калачдароглу денеска беше нападнат во североисточна Турција.

Калачдароглу патувал од Шавшат до Ардануч, округ Артвин. Врз неговиот конвој било отворен оган, а обезбедувањето на Калачдароглу возвратило.

Во инцидентот никој не е повреден, а конвојот и лидерот на ЦХП се вратиле во Шавшат под засилени безбедносни мерки.