Нападнат адвокат во Тетово

Адвокатот Бујар Сабриу денеска околу 12 часот бил нападнат со нож при што се здобил со исеченица на прстот, а потоа бил удрен со столче во неговата канцеларија во градскиот трговски центар во Тетово.
Ова денеска го истакна портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, кој рече дека осомничен за нападот е В.А.(72) од Тетово.
- Осомничениот напаѓач влегол во канцеларијата каде моментално работел адвокатот и меѓу нив најпрво започнала вербална расправија. Во една момент напаѓачот извадил нож и го прободел адвокатот во прстот од левата рака. Потоа го удрил со столче. Некако адвокатот успеал да се извлече од канцеларијата и се упатил кон Тетовскиот основен суд каде се сокрил. Додека бегал кон Тетовскиот суд напаѓачот трчал по него со ножот. За кратко напаѓачот е приведен, изјави Јосифоски.
На Сабриу му била укажана лекарска помош во Тетовската клиничка болница по што тој бил пуштен на домашно лекување. Увид извршиле екипи на полицијата и Јавното обвинителство и се работи на целосно расветлување на случајот. Според неофицијални податоци, до инцидентот дошло поради нерасчистени односи меѓу двајцата околу сопственоста на адвокатската канцеларија каде се случил нападот.
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
