Наместо притвор Фетаи побара мерка на претпазливост за Јанкуловска: Бебето не е криво
Специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, побара мерка на претпазливост за екс министерката Гордана Јанкуловска, откако судот и пресуди затворска казна од шест години за злоупотреба на службената положба во предметот „Тенк“, за набавка на мерцедесот. Со ова на Јанкуловска би и се забранило да го напушти Скопје.
Како што рече Фетиа, бебето не е виновно за кривичните дела што ги извршила неговата мајка, затоа му предложи на судот наместо спроведување во затвор, на Јанкуловска да и се изрече мерка nа претпазливост.
Јасно е дека со изрекување на оваа пресуда, додаде таа, опасноста од бегство извонредно се зголемува.
-Предлагам наместо мерка притвор да се изрече дополнителна мерка на претпазливост за напуштање на престојувалиштето од Гордана Јанкуловска. Морам да нагласам имајќи ги предвид прислушуваните разговори, дека не сум сигурна дека хуманоста е особина на самата обвинета – посочи Фетаи.
Судечкиот совет се повлече на 30 минути пауза за да одлучи за предлогот на Фетаи.
Ново на Сител
-
Инженери на Македонија со иницијатива до Уставен - дали паушалните сметки за струја се законски?
-
Над 50 работници од штипска конфекција останаа на улица
-
Во штипската касарна „Јане Сандански“ одбележан Денот на македонската армија
-
Преглед на вестите од светот
-
Зеленски и европските лидери кај Трамп
-
АРМ слави 33 години постоење
-
ДИК: Само со два потписи независните ќе учествуваат изборите
-
Преглед на вестите од светот