Наместо идната недела инспекторите за локална самоуправа утре во контрола на општините Штип и Аеродром
Инспекторатот за локална самоуправа утре ќе влезе во општините Аеродром и Штип за да ја земе документацијата откако советниците во овие две општини потпишаа Свечени изјави со „Република Македонија“ наместо со новото уставно име.
Иако претпладнево од Инспекторатот тврдеа дека надзорот ќе се врши следната недела бидејќи сакале да им дадат време на општините да ја комплетираат документацијата, оттаму вечерва за Сител рекоа дека сепак утре ќе одат во во контрола на општините.
Инспекторот Рашим Муслио во изјава за Сител рече дека постојат две сценарија доколку Инспекторатот утврди неправилности во постапувањето на советниците.
-Ако се констатира одредена неправилност односно неуставност и незаконитост во потпишаните изјави тогаш ќе им се укажува во одреден рок да ги поправат грешките и крајниот случај, ако не постапуваат по однос на нашите укажувања тогаш ќе се оди во контролен инспекциски надзор и тогаш ќе се носи Решение за запирање на примена на пропис што е дадено е дадено како надлежност на нашата инспекциска служба, вели инспекторот за локална самоуправа, Рахим Муслио.
Втората опција е најнепосакувана, бидејќи тогаш случајот ќе заврши пред Уставен суд. Инспекторот Муслои се надева дека општините и нивните Совети ќе ја почитуваат одлуката на Инспекторатот.
-За доставената иницијатива се информира и градоначалникот и претседателот на Советот и во тој случај општината се обврзува да не презема никакви дејствија за реализација на донесените прописи до финалното изјаснување на Уставниот суд, појаснува Муслио.
Советниците од Штип ќе го чекаат решението по завршувањето на инспекцискиот надзор, а потоа ќе излезат со став за свечените изјави. Координаторот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Изјавите биле доставени од правната служба во општината и била препишана од Законот за локална самоуправа.
- Доколку се достави некакво решение до општината, и доколку тоа биде согласно Законот за општа управна постапка сме на мислење дека истото ќе содржи некаков правен лек и согласно содржината на решението би излегле со одреден став и би доставиле некаков правен лек до Управниот суд на Република Македонија, вели Иванов.
И од општина Аеродром се на ставот дека советниците постапиле согласно Законот за локална самоуправа. Оттаму велат дека Министерството наместо да се занимава со технички прашања треба да предложи измени и дополнувања на Законот со цел негово усогласување за да се зголеми ефикасноста на локалната самоуправа.
Нејасно е од каде МЛС ја црпе надлежноста јавно да ја оценува уставноста на одлуките на советите кои ги гласале советниците во дел од општините, единствено врз основа на дадени изјави-заклетви со името Република Македонија, кое врочем со наведениот наслов е утврдено во Законот за локална самоуправа, велат од општина Аеродром.
Освен во Штип и Аеродром, и советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода потпишаа Свечени изјави со „Република Македонија“, а советниците од СДСМ ја напуштија седницата на Советот.
Министерството преку писмен допис од сите единици на локалната самоуправа побара да користат „Северна“ во документите.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Москва „генерално задоволна“ од преговорите во Истанбул, договорена размена на илјада воени затвореници
-
Вучиќ: Во Тирана разговарано за инфраструктурните проекти, изградбата на гасовод меѓу Србија и Северна Македонија
-
Крадел на градилиште и откако чуварот го затекнал, го претепал и се заканил дека ќе го убие
-
Мицкоски: Историски ден за Македонија
-
21-годишник од Скопје поседувал средства за фалсификување и неовластено влегувал во компјутерски системи | ФОТО
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Флекс Кредит и СОС Детско село продолжуваат со успешната соработка трета година по ред!
-
BALFIN AUSTRIA: 100 милиони евра инвестиции