Наместо да ги гарантираат институциите ги кршат основните човекови права
Институциите во државава многу често остануваат неми кога станува збор за заштита на правата на граѓаните. За 8 месеци до народниот правобранител стасале над 1700 преставки, но ретко која од нив наиша на позитивен одговор од надлежните. Омбдусманот констатира дека најголел дел од граѓаните се пожалите од работата на судовите и обвинителствата. Не биле задоволни ниту од односот на полицијата. Загрижувачки е и тоа што не се почитувале ниту детските права.
Стручната јавност оценува дека корупцијата е главен проблем за непочитување на правата на граѓаните, а понудија и решенија за подобрување на состојбата.
Денешната конференција беше организирана по повод одбележување на Меѓународниот ден на човековите права, а со цел да ги потсети сите чинители во општеството дека треба да се залагаат и да ги почитуваат човековите права.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар
