Намалена видливост поради магла до 50 метри на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево

Намалена видливост поради магла до 50 метри има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево, информираат попладнево од Автомото сојузот на Македонија.
Оттаму поочуваат дека ообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
-

Гаши: Неопходен е компромис за Бадентер, Собранието мора да се деблокира
