Македонија
17. October 2015 - 17:01

Намален родот на грав годинава во Тетово

Сушниот период односно тоа што трите летни месеци кои поминаа речиси без дожд се причина годинешниот род на најпознатата земјоделска култура  во полошкиот регион гравот тетовец да биде помал од лани. Земјоделските производители велат дека ако лани имало  род од околу 100 до 150 килограми на површина од еден декар тоа е намалено годинава дури и до 50 проценти.

И покрај неповолните временски прилики квалитетот на собраниот грав останува ист.

Иако намален родот на гравот се смета дека нема да има драстрично зголемување на на цената. Причината е во тоа што земјоделците претежно гравот го продаваат на зелените пазари и ретки се случаевите некој да пласира поголемо производство во странство.