Намален прометот во индустријата во јануари

Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 9,4 проценти во јануари годинава на годишно ниво, а на месечно за 13,9 проценти - објави денеска Државнот завод за статистика.
Во јануари годинава во однос на јануари лани опаѓање на прометот во индустријата, според главните индустриски групи, има кај Интермедијарни производи, освен Енергија за 13,5 проценти, Капитални производи за 9,5 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,4 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4 проценти.
Најголемо влијание врз намалувањето на вкупниот промет во индустријата во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, имаат одделите: Производство на метали со 24,4 проценти, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 23,3 проценти и Производство на прехранбени производи со 5,6 проценти.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи опаѓање од 6 проценти, а на странските пазари од 10,6 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Не сум оптимист по последната средба
-

Инклузија на младите во политиката
-

Во струмичкиот затвор осудени лица добиваат можност да го завршат средното образование
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
