Македонија
22. September 2018 - 16:16

Намален интересот на болните и изнемоштени за гласање во домашни услови

Вечерва на полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштени лица за гласање во домашни услови на претстојниот референдум.

Според податоците на општинските изборни комисии од источниот регион засега гласачите пројавиле минимален интерес. На последните локални избори во Штип се пријавиле 120 граѓани, а во текот на изминатата недела многу малку поднеле апликации.

-Слободно можеме да кажеме дека досега 15-16 поднеле апликации или документи, но не велиме дека ќе бидат само тие, можеби ќе има мали измени, ќе видиме до полноќ, изјави Сенка Андреева претседател на ОИК -Штип.

Во Македонска Каменица и малите рурални општини Карбинци, Чешиново Облешево и Зрновци нема ниту еден пријавен за гласање во сабота во домашни услови, а на ланските избори од овие општини се пријавиле вкупно 104 лица. Конечната бројка на пријавени болни и изнемоштени лица ќе биде објавена во понеделник.