Намален бројот на работниците во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, се намалил за 3.5 %, објави Државниот завод за статистика.
Во декември лани, пак, споредено со декември 2024 година, нивниот број е намален за 2.8%.
Бројот на работниците во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.0%, во секторот Преработувачка индустрија за 2.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, се намалил во групите Енергија за 2.5 %, Капитални производи за 4.3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.3% и Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8%, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 4.0%.
МИА
Ново на Сител
-

Починала во 2006-та, а во декември родила дете
-

Преглед на вестите од светот
-

САД и Македонија со договор за реципрочна, фер и балансирана трговија
-

Меџити: Чекорот на Беса ќе го следат и другите партии за ВРЕДИ да прерасне во еден политички субјект
-

Скопскиот градоначалник најавува стартување на повеќе проекти
-

Од почетокот на годината во струмичко радовишкиот регион откриени над 20 случаи на дрвокрадство
-

АДКОМ и РКЕ бараат поддршка од ЗЕЛС за обврзувачки тарифи за водните услуги
-

Преглед на вестите од светот
