Намален бројот на работници во индустријата
Бројот на работниците во индустријата во јули 2021 година е намален за 0,8 отсто во однос на јули 2020 година, а во периодот јануари – јули 2021 година во однос на истиот периодот лани покажува пад од 2,2 процента.
Според Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, бележи опаѓање од 7,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 0,2, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација намалување за 2,7 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3,9 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,2 отсто, додека пораст бележи кај Капитални производи за 12,2 и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,6 отсто.
Ново на Сител
-
Мета ги забрани руските државни медиуми на своите платформи
-
Уапсен Пи Диди во Њујорк - Обвинет за трговија со луѓе
-
Ограбена спортска обложувалница во Влае
-
Дел од Аеродром и Центар денеска без вода
-
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември
-
Фон дер Лајен треба да го претстави новиот состав на Еврокомисијата
-
Отпорноста на антибиотици може да убие повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година, предупредува нова студија
-
Три лица загинаа во пожарите во Португалија