Намален бројот на работници во индустријата
За 4,7 проценти е намален бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ август 2020 година во однос на периодот јануари ‒ август 2019 година, додека во август 2020 година во споредба со август 2019 бележи пад од 5,1 отсто.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2020 година во однос на август 2019-та бележи опаѓање од 0,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија 5,6, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација намалување од 1,5 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците бележи пад кај Енергија за 1,3 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,2, Капитални производи за 6,1, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,7 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6 проценти.
Ново на Сител
-
Зајкова: Ќе лобираме кај нашите европски партнери
-
Охрид го живее шпицот на сезоната
-
Високите температури ја полнат струмичка брза помош
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници