Намален бројот на несреќи и смртни случаи на работните места

Работодавачите се повеќе вложуваат и го почитуваат Законот за заштита при работа, но уште треба да се делува на подигнување на свеста за негово имплементирање.
Како што беше речено на тридневниот семинар за заштита при работа во Кавадарци, минатата година во Македонија се регистрирани 19 смртни случаи и 94 повреди на работно место што е помалку од 2015 година.
Според Мико Василов, советник за инспекциски надзор и инспектор во Подрачното одделение на Државниот инспекторат за труд, секојдневните контроли за утврдување на безбедносните мерки при работа придонесоа за намалување на бројот на несреќите.
- Од претходната година на ниво на Кавадарци смртните случаи се сведени на нула. Оваа година имаше неколку потешки несреќи, но се доста помалку за разлика од претходните години. Ние со нашите надзори постојано даваме препораки, совети, како превентива, да не доаѓа до несакани последици. Минатата година и оваа година досега, драстично се подобрени мерките за безбедност и се намалени несреќите во нашиот регион, нагласи Василов.
Андријана Зафировска од Македонското здружение за заштита при работа кое го организираше семинарот, рече дека основна цел е стручно усовршување и континуирана едукација на лицата за безбедност при работа, но и на другите чинители кои делуваат во оваа област.
- Тука сме и за споделување искуства, како и добра пракса со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа, напомена Зафировска.
Семинарот е дел од годишната програма за обуки и се одржа во соработка со локалната канцеларија на Државниот инспекторат за труд. Заврши денеска, а предавачи беа стручни лица од повеќе компании во Тиквешкиот регион и доктор по медицина на труд.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
