Балкан
2. February 2017 - 11:43

Налози за апсење на 177 полицајци во Турција

Обвинителството во Анкара издаде налози за апсење на 177 полициски службеници во рамки на истрагата против организацијата на Фетулах Ѓулен која турските власти ја сметаат за терористичка, јави Си-Ен-Ен Турк.

Полициски екипи за борба со организиран криминал спроведуваат истовремени акции во 25 окрузи во земјата, меѓу коишто и Анкара, Истанбул, Измир, Газијантеп и Конија. Операцијата се уште трае.

Турската Влада ги обвинува приврзаниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен (кој моментно живее во САД), за обидот за преврат во јули минатата година.

Досега, над 40.000 турски државјани се уапсени, а 90.000 се отпуштени од работа.