Наков: 1056-те страници се декор во пресудата за "27 април"
Во Апелациониот суд денеска продолжи јавната седница по жалби на осудените за собраниските случувања од 27 април 2017 година.
Според адвокатите, пресудата на Кривичниот суд со која 16 лица беа осудени на 211 год затвор мора да биде вратена назад на повторно судење.
Адвокатот Дончо Наков смета дека пресудата но и обвинението содржат низа пропусти. Пред апелационите судии наведе дека за ист настан во кој учествувале исти луѓе, обвинителството има четири различни обвиненија, тргнувајќи од учество во толпа, насилство, обид за убиство па се до терористичко загрозување на Уставниот поредок.
- Декор е пресудата на првостепениот суд која е напишана на 1056 страници. 75% од наведените дејствија се поврзани со луѓето кои беа амнестирани за кои во пресудата има напишано по 100-тина редови, а за осудените нема ниту по 10-тина редови. Најфрапантно е што во пресудата нема наведено локација каде се случувал настанот, рече адвокатот Дончо Наков.
Јавната седница по жалби за осудените од "27 април" почна во средата и треба да заврши денеска кога пред апелационите судии пресудата ќе ја спорат и 16-мината кои се осудени на затворски казни од 7 до 18 години.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок
-
Несовесните гости во македонскиот туристички бисер зад себе оставаат купишта ѓубре
-
Голем број прилепчани со замастен црн дроб поради нездрава храна и прекумерен алкохол
-
Преглед на вестите од светот
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања