Најзагадено во Скопје во текот на ноќните часови
Во сите скопски општини синоќа загадувањето беше на многу високо ниво. Мерните станици покажуваат дека концентрации на ПМ 10 честичките во текот на ноќта надминувале 100 микрограми, а достигнале и до 400 микрограми на метар кубен.
Во Карпош, Лисиче и кај Ректорат концентрациите на ПМ10 честичките од осум часот до 14 се движеле околу максимално дозволената граница од 50 микрограми на метар кубен, по што почнуваат да се зголемуваат.
Во Центар од 20 часот синоќа до пет часот утрово концентрациите се над 100 микрограми при што најзагаден воздухот бил во 20, 22 и пет часот утрово.
Во Гази Баба високите концентрации се регистрирани од 18 часот па се до утрово до последното мерење во осум часот. Најзагаден бил воздухот во 19 со 200 микрограми и 192 микрограми во 20 часот.
На мерната станица во Карпош најзагаден воздухот бил од 18 часот до седум часот утрово, при што од 20 до 22 часот се забележани највисоките концентрации на оваа мерна станица кои се движат над 200 микрограми. Најзагадено било во во 20 и 21 часот со 235, односно 240 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.
Синоќа најзагадено било во Лисиче. Регистрирани се концентрации од 405 микрограми на метар кубен во 23 часот. Загаден воздухот во Лисиче според мерењата во континуитет од синоќа од 17 часот до утрово во осум часот.
Од 18 часот па се до утрово загаден воздухот е и кај Ректоратот. Концентрациите се движеле од 124 до 310 микрограми на метар кубен.
Во Скопје од денеска како дел од мерките за намалување на загадувањето почнува акција за чистење на улиците, а од викендот има бесплатен автобуски превоз до Средно Водно и забрана за возила на Водно.
Загаден воздухот бил и во Битола со највисоки регистрирани концентрации од 325 микрограми на метар кубен, Тетово со 375 микрограми, Кавадарци со 416 микрограми и Куманово со 391 микрограми на метар кубен.
Ново на Сител
-
Траги од Велибор Манев пронајдени на лепливата лента на устата на Вања
-
Вања била убиена клечејќи на колена со еден куршум во глава одзади грб, грозоморни детали
-
Едно дете загина при нападот со нож во училиште во Загреб
-
Во Основниот суд Куманово одложено судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
„Студентски отпор“: Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците
-
АД ЕСМ: Два термоблока во РЕК Битола исклучени од мрежа, во тек се операции за вклучување на ТЕ Битола 1
-
МВР потсетува: Oд 01.01.2025 задолжителна ознака НМК на регистерските таблички
-
Распустот за основците и средношколците во Србија од 24 декември до 20 јануари