Најзагаден воздухот во Лисиче и кај Ректоратот

Воздухот во последното деноноќие во Скопје најзагаден бил во Лисиче и кај Ректоратот. Мерните станици регистрирале највисоки концентрации во Лисиче во 21 часот од 577 микрограми на метар кубен, а кај Ректорат се регистрирани 532 микрограми во 22 часот.
Според мерењата на станиците на Министерството за животна средина и просторно планирање највисоките концентрации во Лисиче се регистрирани во текот на ноќта кога се движат над 500 последнователно три часа, по што паѓаат под 500 во наредните четири часа, но остануваат на високо ниво над 400. Утрово нивото на ПМ10 честичките се на 178 микрограми на метар кубен.
На мерната станица кај Ректорат се измерени највисоките концентрации во 22 часот, по што се намалуваат и достигнуваат до 130 утрово, но на последното мерење се повторно зголемени и изнесуваат 309 микрограми.
Во Карпош најзагадено било во 22 часот со измерени 313 микрограми, а утрово е 142 микрограми, во Гази Баба се движеле од 149 до 358, а утрово во 9 часот се 112 микрограми на метар кубен.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
