Највисоката новинарска награда „Мито Хаџивасилев – Јасмин“ за новинарот на Сител, Марјан Николовски
Новинарот Марјан Николовски се закити со наградата „Мито Хаџивасилев – Јасмин“. Највисоката државна награда во областа на новинарството, Николовски денеска во Собранието ја прими поради неговиот долгогодишен придонес кон афирмацијата на регионален, културен и општествен дијалог, религиска, национална и етничка толеранција како и промоција на позитивни вредности и евроатлантски перспективи. Николовски на признанието добиено во големата конкуренција гледа како на поттик за продолжување на професионаланата работа.
Николовски кој има богато новинарско искуство, важи за одличен познавач на македонско-бугарските односи но и еден од најдобрите експерти во земјава кога станува збор за верските прашања. Државната награда за новинарство за 2021 година ја доби и новинарската Аделина Марку, а за најдобри публицисти беа избрани Тошо Филиповски и Томислав Кежаровски.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар
