Највисоката црква во светот се распаѓа од урина

„Улмер Мунстер“, највисоката црква во светот, има проблем со корозија, но не е предизвикана од хемиските елементи на врвот на кулата, туку од мажите кои често мократ покрај нејзините ѕидови.
- Вложуваме милиони за обнова на кулата, а истовремено нашите камени ѕидови се нагризени на дното, вели свештеникот на оваа лутеранска срква Табеа Фреј, пренесува Хина.
- Желудникот ми се првртува од лутина што немаат почит кон ништо. Песочникот се распаѓа, слоевите кои се дебели неколку сантиметри се уништени, додава Фреј.
- Далеку од тоа дека Улм е единствен град кој го има овој проблем. Мажите ја „обележуваат својата територија“, нагласи Волфганг Бухман од германскиот сојуз на уролози, и таа навика ја опиша како „рудиментарно однесување“, кое доаѓа на површина како последица од алкохол.
Темелите на црквата во Улм, гордоста на градот во југозападна Германија, се положени во 1377 година.
Со 161,1 метар Улмер Мунстер е највисока црква во христијанството.
Ново на Сител
-

Исполнета квотата за вработување во Германија според Западнобалканската регулатива
-

ГП Евзони (Богородица) блокиран за влез и излез
-

Гласот на вековите: Свети Климент Охридски меѓу својот народ
-

Тешко повреден возач во возило кое излетало од патот кај Марена
-

Пожарникарите од Кавадарци спасија куче од водите на реката Луда Мара
-

МВР: Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-

Грчките земјоделци ги интензивираат активностите – дополнителни блокади низ целата земја
-

Честитка од претседателот на Социјалистичката партија по повод празникот Св. Климент Охридски
