Највисока инфлација во Германија во последниве две години

Германија се соочува со највисоја стапка на инфлација во последниве две години, што според експертите значи дека мерките на Европската централна банка (ЕЦБ) даваат резултат.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, државната статистика агенција Дестатис денеска објави дека цените на производите споредено со октормви минатата година се повисоки за 0,8 отсто. Сепак, германската инфлација се уште е под стапката од 2 проценти што според ЕЦБ, се смета за поволна за економски развој.
- За економија која во моментов нема проблеми со невработеноста и има позитивен трговски биланс, стапката на инфлација од околу еден отсто е екстремно умерена, смета аналитичарот на „ИНГ Диба“ банката Карстен Брцески.
Најголем пораст на цените од 1,4 отсто е забележан во секторот изнајмување на станови, а цените на храната се речиси непроменети.
Цените на енергијата се меѓу главните причинители за повисоката инфлација во земјата, што е добар сигнал за ЕЦБ која воведе историско ниски каматни стапки со цел да се бори против дефлацијата во Еврозоната и да ја раздвижи европската економија.
Во останатите членки на Еврозоната инфлацијата во месец октомври е на значително пониско ниво од 0,4 отсто.
Ново на Сител
-

Родители бараат регионални стоматолошки центри за деца со попреченост
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
-

Екс директорот на Комунална, Рустеми се сомничи дека злоупотребил над 68.000 евра за фиктивни услуги
-

Обвинение за сопругот на Ивана: Насилството довело до самоубиство
