Најубавата сцена од немирите во текот на референдумот во Каталонија: Му пријде на полицаецот и страсно го бакна
Во текот на неделниот референдум во Каталонија за независноста од Шпанија, на улиците на престолнината Барселона, можеа да се видат немили сцени и судири на полицијата и демонстрантите. Поради насилството кое го испорача полицијата, на сметка на шпанската Влада стигнаа критики од целиот свет.
Шпанската национална полиција со пендраци и гумени куршуми се обиде да ги спречи каталонските граѓани да гласаат на референдумот кој Мадрид го забрани, при што дојде до судир со гласачите.
Но, во текот на известувањето на новинарот на Ал Џезеира, се случи една убава сцена.
Имено, додека камерата кружеше околу протестот, во еден момент една жена го фати специјалецот за рамењата, го донесе кон себе и го бакна. И тоа со насмевка на лицето.
Каталонија од порано соопшти дека според прелиминарните резултати 90 проценти од гласовите во неделата биле за независност, откако помалку од половина од каталонските гласачи гласале во денот кој како што регионалните официјални лица тврдат, имало повеќе од 890 повредени во судирите со полицијата, така што не е јасно колу луге се хоспитализирани.
Моментот на бакнежот е од 01:30:
Ново на Сител
-
Скопје меѓу десетте најзагадените градови во светот
-
Утрово најстудено во Берово, измерени -6 степени
-
Во вооружен напад во бар во Мексико 10 убиени и седум повредени лица
-
Претерување со шеќер и сол е штетно по здравјето
-
Стојановски освои сребро на Европското првенство во таеквондо за кадети
-
Македонските ракометари и гостуваат на Литванија
-
Путин го потпиша законот за взаемна одбрана со Северна Кореја во случај на воен напад
-
Трамп: Хејли и Помпео нема да бидат дел од новата администрација