Најтопло во Демир Капија, Гевгелија и Скопје
Највисока температура во Македонија денеска е измерена во Демир Капија, каде се регистрирани 38 степени Целзиусови, по што следат Гевгелија со 37 степени, Скопје Петровец со 36, Скопје и Штип со 35 степени, Струмица со 34...., информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
До крајот на денот, најавува претежно ведро време со слаб ветер од променлив правец
Според УХМР, топло време ќе имаме и утре, но во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и ноќта кон понеделник, ќе биде проследена со локален пороен дожд и грмежи.
Минималните температури ќе се движат од 10 до 20 степени, а максималните од 31 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а ќе има и локален дожд со ретки грмежи. Температурата ќе биде во интервал од 16 до 35 степени.
Позначителна промена на времето се очекува в понеделник, кога ќе преовладува променливо облачно, ветровито и свежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Наместа можни се поинтензивни врнежи од пороен дожд и грмежи, се очекува локално да наврнат нат 30 литри на метар квадратен воден талог. На повеќе места ќе дува засилен северен ветер, особено попладне и ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура за околу 10 степени, која ќе биде во интервалот од 20 до 29 степени.
Од вторник времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината, соопшти УХМР.
Ново на Сител
-
Судењето против таткото на Васил Јованов одложено, обвинителниот предлог изменет
-
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
-
Годишeн извештај: Обвинителствата во 2024 постапувале против вкупно 37.255 сторители на кривични дела
-
Претрес во Пробиштип, приведени две лица, пронајдени дрога и куршуми
-
Претседателката Сиљановска-Давкова учествува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Исланд најбезбедна, Македонија 51-ва најбезбедна држава во светот
-
Комитетот за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот на Извештајот на Вајц за земјава
-
Нова видеоигра „Титаник“, каде што треба да се избега од бродот | ВИДЕО