Најтопло утрово во Гевгелија, најстудено во Берово и Попова Шапка

Најстудено утрово со измерени -2 степени Целзиусови е во Берово и Попова Шапка, а најтопло со 7 степени е во Гевгелија.
Според УХМР утрово во Маврови Анови и во Крива Паланка се измерени 0 степени, 1 степен во Лазарополе, 2 во Крушево, Прилеп, Струмица и Штип, 3 Битола и Кавадарци, 4 Тетово, Охрид, Претор и Виница, 5 Скопје-Петровец, Велес, 6 степени во Скопје-Зајчев Рид.
Висината на снежната покривка во 7 часот е 32 сантиметри на Попова Шапка и 14 сантиметри во Маврови Анови.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, преку ноќта понекаде на повисоките планини ќе провејува слаб снег. По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.
Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Ново на Сител
-

Нова стратегија за развој на туризмот на југоистокот од земјава
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
