Балкан
26. November 2019 - 13:12

Најтажна приказна од земјотресот во Албанија: Дедо извлечен жив од под урнатите, умрел кога дознал дека внукот не е спасен

Во местото Тумани загина дете (10) во страшниот земјотрес што ја погоди Албанија.

Еден Албанец раскажа за редакцијата на албанскиот портал „Јок Албаниа“ дека постар маж е извлечен од урнатините на напуштен хотел во Драч, а кога дознал дека внукот се уште е затрупан починал на самото место.

Тој додаде дека детето, кое се вика Клајс, се уште е под урнатините и нема знаци дека е живо.