Најстудено во Скопје, Битола, Струмица и Берово со измерени -4

Изутринава најстудено било во Скопје-Петровец, Битола, Струмица и Берово, каде е измерена минимална температура од-4 степени Целзиусови, а најтопло во Крушево со измерени 4 степени Целзиусови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Тетово, Велес и Демир Капија изутринава се измерени-3, во Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Штип, Кавадарци и Прилеп-2, во Претор и Маврови Анови 0, во Крива Паланка, Гевгелија, Виница и Попова Шапка 1 степен и во Охрид 2 степени Целзиусови.
Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточните делови ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
МИА
Ново на Сител
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
