Најстудено во Маврово - Минусни температури низ цела Македонија
Во Маврово утрово е измерена најниска температура од -21 степен, -20 се измерени во Битола, Тетово и Лазарополе, -19 во Крушево, -18 во Дебар и Прилеп, -17 во Пожаране и Куманово, -16 во Крива Паланка, Берово и Ѓуриште, -15 во Тополчани и Скопје Петровец, -14 во Охрид, Виница и Претор, -12 во Скопје, -11 во Штип, -10 во Демир Капија и Струмица, -8 во Дојран и -7 Гевгелија, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Висината на снежната покривна утрово во 8 часот изнесува 7 сантиметри во Демир Капија, 8 во Скопје-Петровец и Скопје, 9 во Струмица, 10 во Прилеп и Виница, 11 во Охрид, 14 во Штип, 15 во Битола, 19 во Крива Паланка, 20 во Ѓуриште, 22 во Крушево, 26 во Тетово, 27 во Берово и Дебар, 35 во Тополчани, 45 во Лазарополе, 52 во Пожаране и 64 сантиметри во Маврово.
Утрово времето е променливо облачно и студено, а само на југозапад е претежно ведро. Дува слаб умерен северен ветер кој во гевгелиско повремено засилува.
Во текот на денот времето ќе биде променливо, облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на снег. Ќе дува умерен северен ветер поинтензивен во Повардарието. Преку ноќта кон вторник ќе има повремен снег претежно на југот од земјата. Температурата денеска ќе се движи во интервал од -10 до -2 степени.
Во Скопје променливо облачно, со услови за провејување на снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата денеска ќе биде до -6 степени.
Од УХМР соопштија дека уште утре ќе се задржи претежно променливо облачно и понатаму многу студено време со услови за повремено провејување на слаб снег почест од вечерните часови. Утре врнежите од снег ќе завршуваат, а ќе се почести во јужните делови од земјата. Се уште ќе дува северниот ветер, но ќе е послаб.
Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно време и ќе започне постепен пораст на температурата. Ќе настапи краткотрајно и не многу брзо топење на снегот.
На крајот на работната недела краткотрајно ќе дува јужен ветер и со позначителен пораст на температурата на воздухот од запад ќе започнат нови преодни врнежи кои на југот од земјата ќе бидат од дожд.
Ново на Сител
-
Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани
-
„Тајмс оф Израел“: Нетанјаху побарал од Трамп да не ги укинува санкциите за Сирија
-
Собранието го донесе Законот за енергетика, за Божиновска тоа е еден од најважните
-
Зеленски: Не сум разговарал со Венс од кавгата во Белата куќа
-
Холандија и Данска се најдобри земји за деца
-
Приведен 61-годишник, при претрес на неговиот дом најдени се пушки, пиштол и куршуми различен калибар
-
Филков: СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството
-
Кремљ со реакција на изјавата на Макрон: Нуклеарното ширење не е решение за Европа