Најстудено во Лазарополе, највисоки 17 степени во Штип и во Дојран
Најниски 9 степени целзиусови утрово измерени во Лазарополе, а највисоки 17 во Штип и во Дојран.
Од УХМР информираа дека 10 степени се измерени на Попова Шапка, 12 Маврови Анови, 13 Берово, Битола, Крушево, 14 Прилеп, Струмица, Крива Паланка, 15 Охрид, Претор, Велес, Кавадарци, Скопје-Петровец, 16 Куманово, Демир Капија, Гевгелија, Скопје-Зајчев Рид и Виница.
За изминатите 24 часа до 8 часот (во l/m2) наврнат е воден талог 9 литри на метар квадратен во Крива Паланка, четири во Пожаране, три во Крушево и Кавадарци, два Берово и еден во Демира Капија, Виница и Гевгелија.
Во текот на ноќта времето беше променливо облачно понекаде со слаб локален дожд. Утрово е сончево со мала, а во североисточните делови со умерена облачност, во Кумановскиот регион со слаба утринаска магла.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена. UV=6
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 30 степени.
Ново на Сител
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
-

Нови правила за добивање субвенции: Трипуновски вели парите ќе одат само кај вистинските земјоделци
-

Владата утре под блокада - ССМ бара повисоки плати
-

Се санираат штетите од поплавите – најкритично во Кичево, Гостивар и Сарај
