Најстудено во Лазарополе, најмногу снег на Попова Шапка

Во Лазарополе утрово е најстудено, минус три степени, а најтопло е во Виница, три степени.
Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот минус два степени се измерени во Берово, минус еден во Битола и Крива Паланка, нула степени во Скопје - Петровец, Тетово, Маврови Анови, Прилеп, Струмица, еден во Претор, Дебар, Штип, Демир Капија, Гевгелија, Кавадарци, Велес и два степена во Скопје - Зајчев Рид, Попова Шапка, Охрид и Крушево.
Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува четири сантиметри на Попова Шапка.
Во текот на ноќта и утрово времето е променливо облачно. Наместа дува слаб ветер од северен правец.
Претпладне во северозападните и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот сончево со мала, а во западните делови со умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.
Во Скопје претпладне со појава на слаба магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне 10 степени.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
