Најстудено во Битола минус осум степени
Најниска температура од минус осум степени утрово се измерени во Битола, минус шест се измерени во Маврово и Лазарополе, минус пет во Крушево, минус четири во Крива Паланка, Охрид и Берово, минус три во Претор и Прилеп, минус два Ѓуриште, Пожаране, Тополчани, Тетово и Струмица, минус еден во Куманово и Демир Капија, а нула степени во Штип, Скопје, Гевгелија и Виница.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето во Македонија утрово е сончево и студено со мала облачност во западните делови. Понекаде дува слаб променлив ветер.
Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст, па веќе во четврток дневната температура ќе достигне 18 степени во југоисточните делови, велат од УХМР.
Ново на Сител
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип
-
Екс директорот на Геријатрија обвинет за земање поткуп, седна во судница