Најстудено во Берово, најтопло во Охрид

Најстудено утрово е во Берово, -3 степени Целзиусови, а максимални 5 степени се измерени во Охрид.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, -1 степен е во Лазарополе, 0 во Скопје–Петровец, Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица, 1 во Крива Паланка, Прилеп, Куманово и Маврови Анови, 2 во Велес, Штип, Кавадарци, Гевгелија и Попова Шапка, 3 во Скопје–Зајчев Рид и Крушево, како и 4 во Претор и Виница.
Изминатите 24 часа наврнале и 3 литри дожд на единица површина во Скопје-Петровец и Попова Шапка, 2 во Крива Паланка и Претор, како и 1 во Скопје-Зајчев Рид и Тетово.
Утрово по одделни котлини има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината магливо. Во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
