Најстудено во Берово, најтопло во Демир Капија
Утрово најстудено беше во Берово каде се измерени - 3 степени. Минус два степени се измерени во Струмица, -1 во Крива Паланка, 0 во Битола и Дебар, 1 во Охрид, Куманово, Претор, Тетово и Скопје, 2 во Штип, Прилеп, Маврово, 3 во Гевгелија, 4 во Крушево, 5 во Виница и Дојран и 6 степени во Демир Капија.
Снег има во Маврово и тоа 10 сантиметри и еден сантиметар во Берово.
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, во западните делови, особено на планините умерен на моменти засилен ветер од западен и југозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 14 степен.
До среда ќе се задржи стабилно и релативно топло време, што ќе услови понатамошно топење на снежната покривка на планините. Во вторник и среда, по одделни котлини има услови за појава на магла во утринските часови.
Ново на Сител
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи
-
Кандидатите за членови на Судски совет ќе чекаат нова сеница за да дојдат на дневен ред
-
Преглед на вести од светот
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот