Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Најниска температура од -3 степени утрово во земјава е измерена во Берово, соопшти УХМР. Следат Тетово, Штип и Струмица со -2 , -1 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Битола, Демир Капија и во Кавадарци, 0 степени во Куманово и Велес, 1 Лазарополе и Виница, 2 во Охрид, Дебар, Прилеп и Гевгелија, 3 во Претор, Попова Шапка и 4 степени во Маврови Анови и Крушево.
Висината на снежната покривка измерена во 7 часот на Попова Шапка изнесува 43 см, а 38 см во Маврови Анови.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје променливо облачно со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Ново на Сител
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%