Најстудено во Берово
– Утрово температури под нулата се измерени во поголем дел од земјата. Најстудено е во Берово со -7 степени Целзиусови.
Според извештајот од Управата за хидрометеоролошки работи, -5 степени се измерени во Скопје кај Петровец, Крива Паланка, Битола, Струмица и Демир Капија, -4 во Тетово, Штип и Гевгелија, -3 Прилеп, Крушево, Куманово, -2 Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, Лазарополе, Виница, Претор и Дојран, и -1 во Охрид.
По одделни котлини денеска претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 11 степени.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне 6 степени.
Ново на Сител
-
Приведен бегалец од затвор, баран со потерница за доиздржување на над четири години затворска казна
-
По повод 8 Септември македонското знаме кренато во Њујорк
-
Си и Путин му ја честитаа на Ким Џонг Ун годишнината од основањето на Северна Кореја
-
Атина денеска без такси превоз поради 24-часовниот штрајк на таксистите
-
Израел изврши напади врз Сирија, најмалку петмина загинати
-
Синер со победа на Фриз го освои УС Опен
-
Нападната српска амбасадорка во Мадрид
-
Одбележани 33 години независност, честитки и пораки за единство и сплотеност