Најстудено во Берово
Најниска температура во државава изутринава во седум часот е измерена во Берово, минус осум степени, по што следат Струмица, Тетово, Скопје Петровец, Лазарополе, Демир Капија, Битола и Дебар со минус пет, Куманово, Ѓуриште, Гевгелија, Скопје Зајчев Рид, Пожаране и Прилеп со минус четири, и Виница, Штип, Крива Паланка и Тополчани со минус три. Минус два степена се регистрирани во Претор, Маврово, Охрид и Дојран, а нула во Крушево.
Како што соопшти изутринава Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде умерено, во северните делови значително облачно со услови за провејување на слаб снег на планините. Ќе дува умерен, а на југоисток повремено засилен северозападен ветер. Температурата ќе достигне од 2 до 10 степени.
Во Скопје променливо облачно со умерен северен ветер и температура до 4 степени.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен источен ветер. Утринската температура ќе се движи од -10 до -3, а дневната од 0 до 6 степени.
До понеделник времето ќе биде претежно сончево и студено, со утрински температури кои на места ќе се спуштат и под -10 степени. Од понеделник кон крајот на денот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и снег.
Ново на Сител
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел
-
Израел останува закана за Иран, вели командантот на иранските вооружени сили Хатами
-
Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од земјава, утре чешкиот „Блек Хок“
-
Тешко повреден мотоциклист во кавадаречко
-
Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-
Нападнати полицајци и затекнати малолетници со алкохол при контрола на Градскиот базен во Виница
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто