Најстудено утрово во Демир Капија и Струмица

Најниска темпертаура од минус осум степени утрово е измерена во Демир Капија и во Струмица, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Битола и Берово се измерени минус пет степени, минус четири во Крива Паланка, Виница и Гевгелија, минус три во Прилеп, Лазарополе и Куманово, минус два во Скопје, Дебар и Дојран, минус еден степен во Претор, Крушево и Маврово, нула во Тетово и еден степен над нулата во Охрид.
Утрово е сончево и студено, во северозападните делови со умерена облачност. Дува слаб до умерен северен ветер, особено на повисоките места и планините.
Како што информира УХМР, во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и планините. Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 6 до 11 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 7 степени.
Викендов и на почетокот на работната седмица под влијание на поле на висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса времето ќе биде стабилно и суво. Температурата ќе биде во благ пораст, а зголемување на облачноста ќе има од недела. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и планините. Од вторник попладне се очекува промена на времето со засилен северен ветер, опаѓање на температурата и услови за слаби врнежи од снег и дожд.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
