Најстудено утринава во Берово, најтопло во Дојран
Најстудено утринава е во Берово каде се измерени -4 степени, а најтопло во Дојран и Ѓуриште каде температурата е четири степени над нулата.
Во останатите градови низ државата температурите се движат од -3 степени до три степени. Така, во Петровец кај Скопје утринава измерени се -3 степени, во Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица -2, во Куманово, Дебар, Лазарополе, Крива Паланка, Штип и Маврово -1, а во Прилеп, Гевгелија и Скопје нула степени. Над нулата утрово е во Охрид, Виница и Претор каде се измерени еден степен, а во Тополчани, Пожаране и Крушево три степени.
Според УХРМ, изутринава времето е ведро со слаб северен ветер на повисоките места, а во Скопје и Демир Капија има слаба магла. Во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачност со максимална температура од 10 до 18 степени.
Во Скопје слично време со максимална температура до 12 степени.
Утре ќе се задржи стабилно и суво време, а по котлините ќе има магла особено во претпладневните часови. Веќе од недела попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините снег, а во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Врнежи од дожд и од снег ќе има и во понеделник, а преку денот ќе дува засилен северен ветер, којшто ќе предизвика опаѓање на температурите.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица