Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Пожаране и Ѓуриште
На Попова Шапка попладнево е најстудено, минус осум степени, а максимални седум степени се измерени во Гевгелија и Демир Капија.
Според УХМР, во 16:30 часот минус два степени се измерени во Берово и Крушево, минус еден во Маврови Анови, нула степени во Охрид и Крива Паланка. Два степена се измерени во Штип, Претор и Виница, три во Битола, четири во Тетово и Прилеп, пет во Кавадарци, шест во Скопје – Зајчев Рид, Скопје - Петровец, Велес и Струмица.
Во Пожаране и Ѓуриште има најмногу снег, 20 сантиметри. Во Маврови Анови снежната покривка е 18 сантиметри, во Битола 14, во Крива Паланка и Берово 12, во Лазарополе 11, а десет во Тополчани. Во Прилеп и Охрид снежната покривка е седум сантиметри, пет во Виница, четири во Тетово и еден сантиметар во Штип.
До крајот на денот ќе биде малку до умерено облачно и студено со слаб до умерен северен ветер, повеќе изразен во источните делови и долж Повардарието. Во североисточните делови променливо облачно со провејување на слаб снег. Во втората половина од ноќта облачноста ќе се намали, освен во југозападните делови каде локално е можна значителна ниска облачност.
Ново на Сител
-
Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска
-
Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови
-
Трамп го коментира нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор