Најстудено на Попова Шапка -16, во Маврово -14, во Крушево -13 степени

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -16 степени, во Mаврови Анови се измерени -14, во Крушево -13, Крива Паланка -11, во Берово - 10, Битола, Прилеп и Охрид -9, во Тетово и Струмица -8, во Скопје-Петровец -7, Демир Капија -6, Куманово, Кавадарци и во Велес -5 и во Гевгелија -1 степен, соопшти УХМР.
На Попова Шапка има и 26 сантиметри снежна покривка, а во Крушево 15.
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3 степени.
Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен, а претпладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.
МИА
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
